Вучиќ на Заев и Рама им нуди „мини авантура“

0
125

Српскиот претседател денеска во Нови Сад на премиерите Заев и Рама ќе им предложи формирање на таканаречен балкански „мини Шенген“ која би требало да претставува некој вид на “царинска унија” која ќе функционира по примерот на ЕУ. Со детали за оваа идеја ќе бидат запознаени Заев и Рама на денешниот состанок. Српските официјални претставници, оваа иницијатива на Вучиќ, ја објаснуваа како потреба од зајакнување на регионалната соработка на економски план преку отстранување на различните административни бариери. Сепак, иако на прв поглед делува прифатливо постојат повеќе дилеми околу потребата за прифаќање на една ваква иницијатива на Белград.