Ангеловска: Укинувањето на сметкопотврдите ќе ја олесни работата на компаниите

0
102

Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата – документ со кој се правадаат трошоци и се користи правото на одбивка. Соопштувајќи ја новината во предлог-измените кои треба да се изгласаат во Собранието, министерката за финансии Нина Ангеловска денеска истакна дека досега се носеле многу олеснителни мерки за да се подобри работата на компаниите, но не и за сметкопотврдите кои се користат уште од времето на поранешна СФРЈ. Во многу развиени земји, па и во регионот, рече таа, овој документ е укинат и веќе не се користи.

-Светот брзо се менува и денес зборуваме за електронско сметководство и бесхартиена околина и мора и нашата администрација да го следи тоа за сè повеќе да им го олеснуваме работењето на компаниите. Со укинувањето на сметкопотврдата, која произлегува од измената на Законот за ДДВ, компаниите и физичките лица ќе може да го остваруваат правото на одбивка со приложување фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари. Со ова се укинува еден процес за кој не знаеме денес дали и зошто е потребен. Исто така, се ослободуваат ресурси, а многу е важно и заштитата на животната средина затоа што ако ги земеме предвид смекопотврдите на сите компании, сигурно се работи за многу исечени дрвја за да се продуцира хартијата, рече Ангеловска.