„Вардар Доломит“, „Алма-М“, „Киппер“, „Нептун“ и „Даути“ во првите пет од ТОП 100 компании

0
143

Стопанската Комора на Северозападна Македонија(СКСЗМ) денеска ги додели наградите за ТОП 100 најголеми, најмоќни и најуспешни компании за 2019 година. 

Станува збор за награди што Комората ги доделува деветта година по ред. Од анализирани 24.000 компании, селекцијата на најуспешните компании е направена во пет категории: според годишен обрт, нето-добивка, број на вработени, поврат на капитал и според инвестиции.

Ги наградуваме најсилните и најуспешните компании. ТОП 100 е резултат на работата и посветеноста на нашите бизниси кои имаат големо значење за економијата.Членките на Комората лани остварија годишен обрт од околу 763 милиони евра и вработуваа над 8.752 лица или за 590 повеќе од претходната година. Во 2018 година остварија нето профит од 57 милиони евра, односно осум милиони повеќе од 2017 година, и инвестираа 42 милиони евра или за 22 милиона евра повеќе од претходната година. Со овие бројки укажуваме дека имаме капацитети за вградување на најмодерните светски технологии и иновации во нашите капацитети и оти нашите компании успешно работат и се повеќе се интегрираат на глобалните пазари, рече Неби Хоџа, претседател на Комората.