Венеција поради поплавите може да го загуби статусот на заштитено културно наследство

0
102

Венеција би можела да го загуби статусот на заштитено културно наследство ако не може да се заштити од се полошите поплави, предупредија вчера од УНЕСКО, понудувајќи помош во обновата на градот.

„Најважните згради кои се наоѓаат во подрачјето кое е заштитено како светско културно наследство се загрозени… Тоа многу не загрижува, особено бидејќи тоа не е изолиран случај“, изјави Метшилд Рослер, директорката на Центарот за светско наследство.

Венеција овој месец ја погоди најголемата плима во повеќе од 50 години, дури 1,8 метри, нанесувајќи огромна штета.

Рослер предупреди дека високата плима во Венеција е јасен доказ за се полошите климатски промени и порача дека УНЕСКО и националните и градските власти мораат со тоа долгорочно да се позанимаваат.

Стравува исто така дека браната МОСЕ, чија изградба застана поради „илјадници“ проблеми, нема да биде доволна да се заштити градот.

Најлошите поплави во Венеција се забележани во 1966. година, кога ја погоди плима висока 1,9 метри.