Владата го враќа рамниот данок!

0
74

Примената на прогресивниот данок на личен доход ќе биде замрзната до први јануари 2023 година. Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти денеска дека оваа одлука е донесена бидејќи мерката не ги дала посакуваните ефекти. Од Владата уверуваат дека не станува збор за укинување, туку за одложување на овој данок кој во предизборието беше една од клучните поенти со кои се бараше довербата на граѓаните. Власта на СДСМ тогаш тврдеше дека преку овој данок ќе се воведе правично оданочување. Но, анализата на финансии покажала дека прогресивното оданочување придонело само за еден отсто се намалила нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните.

„Во услови на лесно движење на капиталот, каде во соседни земји компаниите се преселиле во други даночни системи, во услови кога направеле нереална редистрибуција, тоа не е нелегално. Префрлале на брат на сестра за да фиктивно покажат дека имаат помал доход. Тоа немало да го прават ако решението е во добар тајминг направено и се има доверба дека сивата економија се адресира и сите ги плаќаат даноците“, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска