Вучиќ закажа седница на Советот за национална безбедност

Шпионската афера ќе биде тема на седницата на Советот за национална безбедност која за денес во 18 часот ја закажа српскиот претседател Александар Вучиќ

Пред седницата, Вучиќ ќе се сретне со рускиот амбасадор со кој ќе разговара за претстојната средба со Владимир Путин во Сочи, но несомнено и за аферата со рускиот разузнавач.

БИА ја потврди автентичноста на снимката на која Георгиј Клебан наводно му дава пари на српски агент.