Вучиќ очекува Србија да биде прва по стапката на економски раст во Европа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска рекол дека очекува Србија во последниот квартал да има пораст на Бруто домашниот производ (БДП) за 5,4 отсто и дека ќе биде прва по стапката на економски раст во Европа, пренесува Блиц.рс.

– Тоа значи дека брзо напредуваме и дека луѓето тоа ќе го почувствуваат во своите паричници – рекол Вучиќ и додал дека во третиот квартал од годината по економскиот раст во Европа само Унгарија е пред Србија.