Дали конечно се дозна кој го нарача убиството на новинарката од Малта?

Бизнисменот Јорген Фенех е приведен откако полицијата ја запрела неговата јахта подалеку од медитеранскиот остров, соопшти извор од истрагата.

Фенех бил уапсен откако владата соопшти дека ќе му прости на човекот осомничен дека е медијатор во убиството на Каруана Галиција – ако каже кој го нарачал убиството.

Каруана Галиција, добро позната новинарка од Малта која истражувала корупција, беше убиена со автомобил-бомба додека го напуштила својот дом во близина на главниот град Валета во октомври 2017 година.