Во текот на судењето на Ваљевската криминална група пред Специјалниот суд во Белград обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресече вратот пред сите во судницата.
Медиумите објавија дека Јеличиќ се јавил за збор, излегол на судската говорница и велејќи: „Сега ќе се убијам пред сите“ од џебот извадил остар предмет и си го пресекол вратот, а успеа да пресече и вена.
За среќа, Јеличиќ има само површински рани, кои не се опасни по живот.