Драма во суд во Белград: Обвинет си го пресекол вратот на говорница пред сите присутни во судницата

0
105

Во текот на судењето на Ваљевската криминална група пред Специјалниот суд во Белград обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресече вратот пред сите во судницата.

Медиумите објавија дека Јеличиќ се јавил за збор, излегол на судската говорница и велејќи: „Сега ќе се убијам пред сите“ од џебот извадил остар предмет и си го пресекол вратот, а успеа да пресече и вена.

За среќа, Јеличиќ има само површински рани, кои не се опасни по живот.