Дуковски: Јовановски е на интензивна нега, немам информации за состојбата

0
74

Бојан Јовановски од синоќа е на интензивна нега во Градската Општа Болница „8-ми септември“, вели во изјава  адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски. Тој рече дека информацијата ја добил утрово и бил да го посети, но не добил никаква информација за неговата здравствена состојба, бидејќи се уште се правеле испитувањата.

Бојан Јовановски е донесен в болница од КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор. Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне на 3 декември годинава.