Едно лице загина, три се повредени во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Вчера во 09,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар Кичево се случила сообраќајна несгода помеѓу патничко моторно возило “опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(20) од Скопје, и “фиат типо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(47) од Прилеп. Во незгодата починала сопатничката од возилото “опел“ Т.Н.(76) од Скопје. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото “фиат“ Д.С.(52) од Прилеп, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Гостивар.