Заев со позитивна оценка за економијата, опозицијата вели дека економијата тоне

По две години сериозни економски политики и реформи граѓаните почнаа  да ги чувствуваа придобивките, истакна премиерот Заев во обраќање до јавноста. Повисоките плати, намалените трошоци , зголемената помош за ранливите категории го подобрија животниот стандард,  невработенста  падна на историски најниско ниво од само 17, 4 проценти, пораснаа странските инвестиции-  нови  компнании донесоа одлуки да го шират бизнисот тука. Рече дека државата ќе продолжи да инвестира во подобрување на економијата и во  човечкиот фактор за да се задржат младите тука.

На излагањето на Заев реагираа од опозицијата. Од ВМРО- ДПМНЕ обвинуваат дека македонската економија тоне, а странските инвестиции бележат сериозен пад.

Споредено со лани дирекните инвестиции бележат пад од 164 проценти или 187 милиони евра помалку.  Годинава изнесуваат очајни 62 милиони евра. Приватниот сектор е пред колапс, стопанството годинава ќе оствари рекордно мали приходи што е дополнителен удар врз државната каса, се вели во реацијата од партијата.