За лекарите-специјалисти 12.000 денари повисока плата, за здравствената администрација „0“ денари

0
69

Од февруари лекарите-специјалисти ќе добијат повисоки плати за 25%, односно 10 до 12 илјади повеќе. Платите на медицинските сестри и лаборантите ќе се зголемат за 10% додека општите лекари во државните болници ќе добијат 15% повисока плата. На здравствените работници им се зголемува за 5%, а болничката администрација и за персоналот за техничка поддршка се исклучени од зголемувањето. Министерот за здравство тврди дека за зголемувањето за нив ќе се разговара следната година.

Зголемување на платите синдикалците бараа преку протести, како еден од начините да се запре иселувањето на лекарите од Македонија. Покрај за платите, лекарите се жалат и на лошите услови во болниците и клиниките, а насилството на кое некои од нив се изложени е една од причините дури и за откажување од оваа професија.