Зоран Заев пречекан со протести во Гостивар од Алијансата за Албанците

0
84

Премиерот Зоран Заев денеска престојуваше во Гостивар во рамките на трибините со граѓаните насловени „На прав пат“. Но, пред пристигнувањето во овој град Алијанса за Албанците организираше протест на еден кружен тек со плакати против оваа посета, обвинувајќи го премиерот за спречување на работата на локалната власт и нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари. Малку подоцна поставените плакати се отстранети од органите на редот. Инаку на трибината организирана со активисти на СДСМ, премиерот Зоран Заев говореше за состојбата во земјата и мерките кои ги преземала Владата за економскиот развој на земјава.