Интервентни мерки против аерозагадувањето

Ќе бидат придружувани од полицаец кој ќе го легитимира на лице место оној кој треба да се казни. Ова денеска го најави првиот човек на МВР како нова интервентна мерка против аерозагадувањето.

Пред два дена повеќе невладини организации преку писмо побараа и Армијата итно да се вклучи во откривањето на загадувачите. Шекеринска вели дека ваквата акција не е изводлива бидејќи, според Уставот, војска на улица значи прогласување на одреден вид вонредност.

Во екот на кулминација на штетните ПМ10 честички властите апелираат на поголема свесност кај граѓаните и промени на секојдневните навики. Вчера премиерот Заев од собраниска говорница најави изградба на трамвај на гуми.