Кај „Меџитлија“ уапсени илегалци од Куба

0
106

Патрола на македонската гранична полиција сониќа кај манастир ,,Св. Илија’’ во реонот на граничниот премин „Меџитлија“ со соседна Грција ги уапсила П.Р.Е. (44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба.

Двајцата мигранти биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле уапсени и им биле предадени на полициски службеници од СВР Битола.