Кисела Вода во соработка со Владата го намалува загадувањето на воздухот

0
88

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски беше во посета на објектите на ЈДГ „8 Март”, „Пеперутка 1 и 2″, лоцирани во населбата Драчево.

Целта на посетата беше целосното заменување на начинот на греење во градинката, со кое ќе се постигне големо намалување на аерозагадувањето.

Неефикасниот начин за греење со согорување на цврсти и фосилни горива, кој во моментов го користат објектите на градинката заменет е со 8 нови инвертери.