Откриена црна дупка 70 пати поголема од Сонцето!!

Астрономите откриле толку голема црна дупка во Млечниот пат, која го доведува во прашање прашањето за постоечките модели на развој на ѕвездите, соопштиле научниците.

Огромната Црна дупка е наречена ЛБ-1, таа е 15000 светлосни години оддалечена од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето, објавено е во магазинот „ Nature“, со образложение дека ЛБ-1 е откриена од меѓународен тим на научници со помош на кинескиот телескоп Ламост.

Дополнителните податоци од двата најголеми светски оптички телескопи во Шпанија и САД ја потврдиле големината на Црната дупка која кинеските научници ја опишале како фантастична.