Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.
Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи“, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и возачот на автомобилот „голф 3“ , 51-годишен жител на Неготино.