Постепено зачленување, построги услови, реверзибилност на процесот – Франција испрати нон пејпер со услови за проширување на Унијата

Постепено зачленување, построги услови, реверзибилност на процесот – Франција испрати нон пејпер со услови за проширување на Унијата. 5 страници има нон пејперот на Елисејската Палата со предлогот на Макрон за измени во процесот на пристапување на балканските земји во Европската Унија. Франција предлага постепено зачленување на земјите кандидати во однос на колку од предвидените задачи исполниле. Францускиот предлог предвидува 7 етапи во кои поглавјата за преговарање се поделени врз основа на областа, првата задача на земјите членки се 23-тото и 24-тото поглавје кои се однесуваат на слободите, човековите права и функционална правна држава.