СПРЕЧЕНА НОВА MИГРАНТСКА ТРАГЕДИЈА: Хрватската полиција во возило пронајде специјален сандак каде се криеле девет лица

0
136

Полицијата на вуковарско-сремската жупанија денес пронајде девет странски државјани, заробени во дрвен сандак во товарно возило со кое управувал шверцер, пренесе српски „Курир“.

Мигрантите се пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштетот Растовица, за време на контрола на возило со полски регистарски ознаки, во специјален сандак направен од иверца кој бил затворен со завртки.