ТРИБИНА ВО ВЕЛЕС: СДСМ ВЕРУВА ВО ПРИНЦИИТЕ НА СОЛИДАРНОСТ И КОНЦЕПТОТ ЕДНО ОПШТЕСТВО

0
136

15 нови грчки инвестиции во Македонија најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешната партиска трибина во Велес.

Ги договорил на средбата со бизнисмените во Солун неделава. Пред Велешани, Заев говореше за економската политика на неговата Влада во изминатите две ипол години. Се пофали со зголемиени плати и пензии и отворени нови работни места.

Вложуваме во жив народ, а не во мртви споменици, рече Заев. Лидерот на СДСМ го критикуваше и судството и најави целосна реформа во оваа област.

Петседателот на партиската комисија за финансии на СДСМ Фатмир Битиќи рече дека разликата меѓу неговата партија и ВМРО ДПМНЕ е во тоа што сега, со многу помалку пари, се помогнати поголем број компании и отворени се повеќе работни места.