Турција се заканува: Од понеделник ги враќаме џихадистите во Европа!

0
119

Турција од понеделник, 11-ти ноември ќе започне да ги враќа дома странските припадници на Исламската држава.

Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, кој ги предупреди европските земји дека не е важно дали поранешните милитанти
се добредојдени, или не.

Тој порача дека џихадистите на Исламската држава кои Турците ги заробиле во текот на воените операции на северот на Сирија, односно кои што биле затекнати во курдските затвори, ќе бидат вратени во своите домови.