Јавните набавки да бидат појасни и подостапни за граѓаните

0
71

градоначалничка Теута Арифи вели дека се следат законските процедури за јавните набавки, а се прават напори да се зголеми отчетноста. покажал мониторингот на Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје на тоа како општините ги прават јавните набавки. Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи вели дека се следат законските процедури за јавните набавки, а се прават напори да се зголеми отчетноста.

Две години Институтот за стратешки истражувања и едукација од Скопје испитува како општините ги прават јавните набавки и дали ја објавуваат таа содржина, а истражувањата покажуваат дека тоа не се прави доследно од страна на локалните самоуправи. Според согледувањата на Институтот, полошките општини немаат доволно документи и информации за јавен увид, изјави Дарко Спасевски од Институтот .

„Ги мериме сите параметри и истите индикатори, за да видиме каква е состојбата во 2017 и 2018 година. Нашите заклучоци кога ги споредуваме податоците од двете години кога се спроведе мониторингот се дека општините остануваат на исто ниво и добиваат една просечна оценка, а нивните поени кои што ги добија во истражувањето се помеѓу 50 и 60 проценти од 100 можни проценти“, изјави Дарко Спасевски од Институтот.

Мониторингот покажал и дека општините од Полошкиот плански регион имаат слаба отчетност и транспарентност.

„Во делот на отчетноста го анализиравме навременото објавување на информациите поврзани со целата процедура за јавни набавки на интернет страниците на општините. Она што може да заклучиме е дека тие се задржуваат на минимум законски обврски што ги имаат за објавување, додека сите оние што дополнителни информации да ја зголемат транспарентноста и отчетноста тие тоа не го прават и тие информации ги нема на интернет страниците и се застарени“, рече Спасевски.