(ВИДЕО) Паника во Лондон: Со нож забодел 5 лица на мост, полицијата го застрелала пред очите на шокираните минувачи

0
192

Еден маж на Лондонскиот мост извлекол нож и ранил најмалку пет луѓе по што полицијата го застрелала и го уапсила.

На местото на настанот има бројни полициски возила. Сведоците тврдат дека слушнале 5 или 6 истрели и дека полицијата потоа ги евакуирала.

Репортерот на BBC, Џон Мекманус вели дека видел група мажи како се расправаат на мостот. Кога пристигнала полицијата, се слушнале и истрели.