Историчарите повторно без договор околу Гоце Делчев

0
91

Два дена исцпрни дебати во Софија меѓу историчарите членови на заедничката Комисија, но повторно со мал напредок. Клучниот проблем, евентуалното чествување на Гоце Делчев останува без решение.

Според нашите извори од Комисијата, за ова се расправало денеска и двете страни ги образложиле своите идеи и предлози околу содржината на текстот кој би го усвоила Комисијата и доставила до двете Влади а со кој би се образложила потребата евентуално за заедничко чествување. Сепак, дискусијата завршила без никаков напредок по ова прашање бидејќи членовите на Комисијата не донесоа никаков заклучок или решение.