Возило излета од патот кај Прилеп, на самото место почина совозачот

0
87

Седумдесет и едногодишен прилепчанец почина во сообраќајна несреќа вчера напладне на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, речиси еден километар по селото Ропотово.

Тој бил сопатник во возилото што излетало во канал надвор од патот, а со кое управувал М. Т. (66) од Прилеп.

Возачот добил телесни повреди и бил пренесен во болница, информираат од полицијата.

Од прилепското Обвинителство информираа дека заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера извршиле увид на патот каде што се случи сообраќајна несреќа. Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.