Возило удрило во ограда на патот Зубовце-Дебреше, повредени се четири момчиња

0
82

Во несреќа која се случила вчеравечер околу 23.40 часот на локалниот пат  Зубовце – Дебреше, со повреди завршиле четири лица.

Според информациите од МВР, 23 годишник од Врапчиште, гостиварско, управувајќи патничко возило со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се 24 годишен сопатникот, додека возачот и други двајца сопатници на возраст од 23 и 24 години, се здобиле со полесни телесни повреди.

Сите биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Гостивар.