Во комбе во Кумановско пронајдени 12 мигранти

0
107

Дванаесет мигранти од кои седум од Авганистан и петмина од Пакистан биле пронајдени од страна на полициски службеници во комбе на автопатот Куманово – Табановце.

Полицајците го забележале комбето без регистарски ознаки во вечерните часови на 14. ноември на местото викано Обиколница Костурник  и започнале потера по него, по што успеале да го сопрат.