Запалено возило во близина на Градско

0
71

Околу 14 часот во МВР е пријавено дека на автопатот кон Градско, во близина кон патарината е запалено возило во движење. Возилото е со бугарски регистарски ознаки.

На самото место на несреќата има присуство на полиција, но се чека екипа за увид, по што ќе се дознаат повеќе детали во врска со несреќата, информираат од МВР.