Иницијативата за една изборна единица ќе се преточи во предлог закон

0
84

Вкупо 15 пратеници се заканија дека нема да го гласаат Изборниот законик ако во него не се вметнат барањата за една изборна единица без изборен праг, отворени листи и 50 процентна застапеност на жените.Иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо со сегашните шест, зад која застанаа 15 пратеници, во најскоро време ќе поднесе закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање за кое имаат поддршка и од владејачката СДСМ.

Претседателката на ДОМ Лиле Попова изјави дека ова било договорено на денешната дебата во Собранието на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“.