КОЛИНДА ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТA: Се бара недела да биде неработен ден во Хрватска

0
158

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ ја поддржа иницијативата „Хрватки сојуз за недела” според која недела треба да биде неработен ден за сите.

Во соопштението од Канибетот на Грабар-Китаровиќ се наведува дека таа најавила оти „лично ќе побара од ресорните министерства да го разгледаат овој предлог и донесување соодветни правни решенија”.

Претставниците на тој сојуз сметаат дека недела е ден за семејството, што е најголема причина за воведување слободен ден.