Кривична за лице кое упатувало закани преку лажен профил на Фејсбук

0
86

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Л.Л.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Лицето Д.Л. од дебарското село Броштица подолг временски период добивало закани, информира МВР.

Пријавениот, подолг временски период преку лажен фејсбук профил Л.Л.(48) упатувал закани кон Д.Л., од дебарското село Броштица.