Лекарите учеа од странски експерт како да избегнат инциденти со пациентите

0
73

Германски професор Уве Гилер дојде во Скопје да ги подучува лекарите, медицинските сестри и болничарите како да се однесуваат со пациентите. Тука е на покана на Лекарската комора. На работилница им кажува на здравствените работници како да ја подобрат комуникацијата со пациентите и нивните семејства. Прашања кои се отворија последниов период, по се почестите напади врз лекари

Гилер, кој е експерт за психотерапија во Германија вели дека проблемот со насилството врз лекарите не е само кај нас. Но и дека работилниците и предавањата за подобрување на комуникација лекар – пациент даваат резултати.

Оваа година 15 лекари пријавиле дека се нападнати или тепани на работното место. Тоа е речиси тројно повеќе отколку пред пет години.

Пред неколку месеци, роднини на пациент претапаа доктор во тетовската болница, а нападнат беше и доктор во болницата во Кичево. Пријави до МВР стигнаа и од медицинска сестра нападната во поликлиниката во Драчево, а и од медицински персонал на Ургентниот центар и Клиниката за неврологија.

Во септември по серијата напади врз белиот мантил, медицинарите излегоа на протест , а имаа средба и со министерот за здравство.

Поради овој глобален проблем во Германија студентите на медицина уште во првите години на факултет изучуваат комуникациски вештини за односот со пациентите. Кај нас таков предмет на Медицинскиот факултет нема.
извор Телма