Меркел: Подготвени сме да разговараме за методологијата на преговорите со ЕУ

0
76

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Загреб изјави дека нејзината земја е подготвена да разговара за тоа што би можело да се промени во методологијата за преговори во процесот на проширување на ЕУ.

На прашањето што ќе се случи следно во процесот на пристапување на Албанија и Република Северна Македонија во Европската унија, како и кога Хрватска би можела да влезе во Шенген, Меркел рече дека „не може да се случи да нема ЕУ перспектива за тие земји“.

– Тоа не би било добро, рече Меркел, која за време на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, изрази и жалење што преговорите со Албанија и Република Северна Македонија не беа отворени за време на последниот состанок на Советот на ЕУ.