Мицкоски на Самитот на ЕПП : Македонија припаѓа во ЕУ и затоа барам да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака

0
75

Живееме во период кога нашите политички противници се борат со нас на политичката сцена со сите алатки коишто им се на располагање, исклучувајќи ги принципите и вредностите, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со коишто се соочува нашето политичко семејство  ЕПП . Ние сме силни кога станува збор за здрави економски и социјални политики. Ние сме силни кога се работи за исполнување на нашиот збор. Но, за жал, нашите противници не го гледаат вака конвенционалното политичко дејствување.

Во последните три години нашата нација ја води социјалдемократскиот премиер, чија влада е синоним за раширена корупција. Дневните активности на оваа влада вклучуваат непочитување на владеењето на правото, целовкупната политизација на нашето општество и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21-от век. Сепак, тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Се согласувам  дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на  било кое место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат дополнителен ден од нивниот мандат за да ја продолжат.