Нон-пејперот на Франција ќе мора да ја чека новата Европска комисија

0
74

Нон–пејперот на Франција не е тема на денешниот Совет за општи работи на ЕУ, но затоа е политиката на проширување на Унијата. Ова го соопшти финската министерка за надворешни работи непосредно пред стартот на Советот, за кој рече дека ќе испрати порака до регионот дека ЕУ не му врти грб.

„Нема да дискутираме за иницијативата на Франција. Ние ќе се вратиме на политиката на проширување, ќе изразиме цврста посветеност на оваа политика и ќе испратиме силна порака на земјите од Западниот Балкан дека ЕУ ќе испорача и дека лидерите на ЕУ повторно ќе се вратат на прашањето на пролет. изјави Тити Тупураинен, министер за надворешни работи на Финска.