Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторни возила, тројца возачи почетници и 18 нерегистрирани возила.