Откриен хибриден напад: Заев разговарал со лажна Грета Тунберг

0
139

Разоткриен нов хибриден напад врз кабинетот на премиерот Заев. Лица кои се претставиле како младата еко активистка Грета Тунберг пред неколку дена оствариле телефонски контакт со Заев кој самиот се посомневал во идентитетот на соговорничката, но сепак решил да заврши разговорот. Настанот во јавноста денекса го откри неговиот советник Маријан Забрчанец.

По разговорот веднаш биле направени проверки, а стапиле во контакт и со семејството на вистинската Грета и ги известиле дека некој го злоупотребува нејзиното име. Летово беше објавено дека Заев е цел на руски пранкери кои со него неколкупати се слушнале претставувајќи се дека се поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Откако пранкерите ги објавија разговорите на Јутјуб, Владата најави зајакнување на протоколот за телефонски разговори.