Отштета од 42 000 евра за Верушевски

0
102

Поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, ќе добие отштета од 42 000 евра, за временскиот период од 344 дена кој го помина во притвор за случајот “Пуч”.

Оваа одлука за отштета, граѓанскиот суд ја донесе заради претрпена душевна болка и повреда на угледот и честа.

Верушевски бараше отштета од 71 000 евра а денеска тој не се појави во судот кога беше соопштена сумата која му беше доделена.

Тој првично беше приведен 2015-та година заради неовластено поседување пиштол а потоа обвинет за велепредавство и шпиунажа.