Пендаровски: Датумот за избори да не се поврзува со нашето ратификување на договорот со НАТО

0
76

Претседателот Стево Пендаровски смета дека датумот за предвремени парламентарни избори не треба да се поврзува со ратификацијата на договорот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Не е мое да кажувам дали изборите ќе бидат на 12 април или не. Она што би сакал да го коментирам во однос на можноста за некакво одложување, тоа е врзано со ратификацијата на пристапниот договор кон НАТО и во нашиот Парламент. Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парлементот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент. Ако затреба кај нас да се ратификува тоа нема никаков проблем и притоа би апелирал да не се занимаваме со технички и правни задолженија. Ако треба, кога имате правно кажано техничка влада, мора и да има и технички парламент и не може да постои само техничка влада, а парламентот воопшто да не егзистира. Ако дојдеме до ситуација ќе се ратификува договорот без разлика кој месец да биде, воопшто да не се доведува датумот на изборите со тоа, рече Пендаровски при денешната посета во Тетово