Прентовиќ: Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ

0
83

Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, што беа усвоени на вчерашната собраниска седница,  обезбедуваме дополнителна помош за младите земјоделци, за лозарите, но и ги унапредуваме и поедноставуваме условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност.

Создадовме услови да се направи и исплата на дел од лозарите коишто што имаа побарувања од винарските визби Повардарие и Стефани, а кои не беа опфатени со претходната исплата.  Станува збор за околу 600 лозари, со што ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.