Протест за албанското знаме во Kуманово

0
139

Група од дваесетина граѓани припадници на албанската националност протестираа пред зградата на Општина Куманово, незадоволни бидејќи на прославата од 500-годишниот јубилеј на градот не било поставено албанското знаме.

Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски рече дека протестот е политички мотивиран и ги отфрли обвинувањата дека тој е против албанското знаме.

Тоа што некој се обидува да поентира и да прикаже поинаква состојба во градот во однос на она што беше направено а многу е поважно да се потенцира дека оваа година градот во рамките на јубилејот направи многу на мултиетнички план со тоа што за прв пат организиравме заеднички концерт на мега ѕвезди од различна етничка заедница и тоа рок групи од албанска проминенција, од македонска и од српска проминенција и на наше општо задовослтво тој настан на 8ми ноември помина одлично. Имавме околу 10.000 млади луѓе на плоштадот каде сите заедно уживаа во звукот на музиката, но очигледно на поединци не им одговара суштински да работиме на реална имплементација на мултиетничкиот карактер на нашата општина и соживот и креирање еднакво општество на сите, па водени од лични политички побуди генерираат проблем, вели кумановскиот градоначалник.