Русковска ќе спроведе финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор

0
88

Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска ќе спроведе финансиска истрага против судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор, пренесува „А1 Он“.

Решението за Јанева не сме го добиле. Ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе спроведеме финасиска истрага. Со вакви судии нема во ЕУ“, истакна Русковска за „А1 Он“.