Шилегов: Скопје не може да трпи импровизации, не сакам да носам брзоплети решенија

0
84

Скопје не може да трпи импровизации. Се она што имаше лошо полека го надминуваме, но не сакам да носам брзоплети решенија, ова е мојот роден град, Скопје. Јас немам поима што правеле луѓето кои 30 години го воделе Скопје, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју за емисијата „360 степени“.

„Годинава сме во фаза на планирање на градот и полека полека влегуваме во фаза на визибилноста и мислам дека скопјани можат да ја видат разликата. Кога ќе влезете по базичните движења кои ги зборувате со граѓаните во кампањата да микроменаџирате, потребно е да ги приберете сите прикази. Јавниот превоз во Скопје не е нешто што може веднаш да се заврши, тука немате право на грешка и импровизација. Некои работи не се како да отидеш до продавница и да купиш леб“, рече Шилегов.

Тој рече дека иако ќе го имаме проблемот со загадувањето, тој полека се решава.

„Во ниту еден мој разговор со граѓаните и настап не сум ветил брзи решенија за фундаменталните проблеми. Ако го третирате загадувањето како проблем кој може брзо да го решите, тогаш лажете. Јас кажав дека од прв ден ќе го решаваме. Три проблеми се најбитни – Затоплувањето, сообраќајот и индустриското загадување. По однос на затоплувањето, правиме веројатно револуција во Скопје затоа што преку Градски-енергетски системи веќе сме во постапка да ја преземеме топловодната мрежа која не е средена. Ако се спои топлинската енергија, ќе се намали цената“, рече градоначалникот на Град Скопје.

Шилегов рече дека во моментов јавниот транспорт вози по мрежа направена за потребите на граѓаните во 1984 година.

„Транспортот не можете да го гледате исклучиво како јавен транспорт, туку како сообраќај. Во моментов имаме спор и неефикасен, не до крај комотен јавен транспорт. Не може да се ослоните на тоа дека ќе стигнете на време ако се качите во јавен транспорт. Ќе се донесе и транвај без шини. Нема да го прекопаме градот, ниту пак ќе ставаме електрична инсталација. Преку овој систем, кој е применет и во Брисел, ќе има нула загадување“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Според него, физички нема да може да се влегува во линиите кои се за јавниот транспорт, со што истиот ќе биде побрз. Вели, измените во сообраќајот нема да го доугуши Скопје во смисла на сообраќајот.

„Овој град го водеа луѓе што поима немаа што е Скопје. Немаа визија за овој град. Ова што го зборувам е со многу податоци“, рече Шилегов.