Kосовската полиција трага по уште двајца осомничени за убиството на Ивановиќ

0
89

Како дел од истрагата за минатогодишното убиство на Оливер Ивановиќ, косовската полиција објави фотографија на две лица, пред седиштето на партијата „Слобода, демократија, правда“, пред кое беше убиен Ивановиќ, и ги повика граѓаните да ја известат полицијата, доколку имаат некакви информации за нив.

Ивановиќ беше убиен во јануари 2018 година во северна Митровица. Тој претходно се сметаше за националист, но подоцна стана умерен политичар на косовские Срби, како и критичар на властите во Белград.

Косовската полиција минатиот месец уапси две лица, под сомнение дека се поврзани со убиството. Еден од нив е српски полицаец, кој е осомничен дека криел докази.