Oдгледувачите на канабис се закануваат со протести

0
73

Седум дена имаат Владата и Собранието да донесат Закон кој ќе овозможи извоз на цвет од канабис. Во спротивно, одгледувачите се закануваат со протести и пред двете институции, а размислуваат и за тужба против Владата. Тврдат дека немаат време за чекање и дека ќе изгубат многу пари, илјадници евра ако не извезуваат.

Според тврдењата на Здружението МАККАНАБИС – изминативе три години во индустријата се вложени огромни 150 милиони евра во земјава. За идејата за извоз тие имаат поддршка од властите според чиишто математики – тоа ќе донесе многу пари за државата. Ветуваат дека Закон ќе има, но не знаат кога.

Предлог Законот беше пуштен во собраниска процедура, но Владата го повлече. Министерот Филипче изјави дека причина за тоа се сомнежите кај некои од пратениците дека Законот има европско знаменце за да се скрати процедурата. Властите ќе ги избрифираат пратениците, а се надеваат дека по јавна расправа ќе се одглави процесот.