Аеродромци засадуваат 3 300 садници

Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Општината, Златко Марин, кој и самиот засади дрво. Покрај него, дрвја садеа и вработените во општинската администрација, спортисти, ученици и голем број граѓани, кои преку отворена анкета даваа свои предлози за локации за засадување. Беа засадени висококвалитетни листопадни садници, алпинетум и грмушки.

 

„Зазеленувањето на Општината останува врвен приоритет со кој се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека во наредниот период ќе се засадат околу 3 300 садници во неколку последователни акции, и тоа во Реонски центар, на улицата „Тоше Проески“, како и на други локации. Минатата година беа засадени околу 2 200 дрвја, со што изминатите две години се засадени вкупно 5 500 дрвја.