Власта сака да ја поништи лустрацијата – опозицијата смета дека тоа е неправда кон жртвите на лустрираните соработници

0
113

Поништување на лустрацијата до 12-ти февруари. Премиерот Заев очекува до распуштањето на Парламентот пратениците да го усвојат Предлог законот, со кој стануваат ништовни сите решенија на Комисијата за верификација на фактите, формирана во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Процесот и нанесе штета на државата, но и на одредени поединци, вели Заев, дополнувајќи дека лустрираните ќе имаат право на отштета од државата.

“Овој Закон не беше правичен. Лустрацијата беше целосно неправична. Кога еден процес целосно и недвосмислено е потврдено дека бил политизиран и бил носен со намера на политиката кој да биде лустриран, а кој не, тогаш имате најмала обврска тоа да го поништите”, смета премиерот Заев.

Заев изрази уверување дека поништувањето на лустрацијата ќе добие целосна поддршка, но од опозицискиот камп сметаат дека власта се става во заштита на оние кои кодошеле од претходниот систем.